hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Динар: „Тити и одбраната како и секогаш беа клучот„

 150130 ALX5661 xlarge

Кога загусти во вториот дел на епското полуфинале во Доха и кога францускиот напад застана, на сцена стапи Дидие Динар и неговиот одбранбен стил, кој го приведе мечот кон крај до победа. Франција не можеше да ја разбие шпанската одбрана, но го затвори и својот гол. Дури и кога ќе ја минеа таа одбрана, актуелните светски прваци мораа да се справат со Омејер. Архитектот на најдобрата одбрана во светот емотивно го доживеа мечот и истакна дека Шпанија силно го намачи францускиот тим:

„Секако дека одбраната и Тити беа клучот. Во вакви натпревари решава и нашето искуство, тоа што одигравме многу вакви натпревари низ минатото. Ние многу ја респектираме Шпанија, на овој турнир па и генерално ова може да биде единствената репрезентација која може да игра на физички план со нас. Секако посебно треба да се издвои Омејер кој беше одличен. Нема да заборавам да ги споменам и Онрубија и Абало кои до последен момент се обидуваа да стигнат на овој турнир, но повредите не им дозволија. Оваа победа е и за нив„ истакна експертот за одбрана, Дидие Динар кој во текот на целото второ полувреме беше на нозе и како да беше дел од тимот со кој освои се што може да се освои. По европската и олимписката титула, Франција в недела може по втор пат во новиот милениум да ги обедини сите три најважни титули. Шпанија пак, ја прекина серијата од 16 последователни победи на мундијалите и ќе мора да ја предаде круната. Продолжува малерот на шампионите на светските првенства, кои во 21 век не успеале да ја одбранат круната.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share