hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Зиба: „Не знам што се случи, судиите не би ги коментирал„

Poland vs Saudi Arabia 150122Qatar 2015 M45 POL vs KSA-OW 16316A xlarge

Од малкумината полски ракометари кои говорат некој странски јазик, измешано со тагата и незадоволството по мечот, единствено Зиба застана пред ТВ камерите и го искажа своето разочарување. Тажни, исфрустрирани и пак на чекор до целта, а сепак далеку од неа. Така делуваа полјаците, кои во второто полувреме не дојдоа до -1, до реми, а камо ли до водство.

„Во право сте, добро почнавме, игравме одлично, но потоа застанавме. Не знам што се случи, но не бевме прави во продолжението и ете загубивме. Судиите? Немам коментар за судењето„ беше краток еден од ретките полски ракометари кои зборуваше за странските новинари, Михаел Зиба. Како и на мундијалот во 2007 година во Германија, пак домаќинот застана на патот на Полска на светската круна. Само што тоа овој пат беше во полуфиналето. За нив добро е што тие се домаќини на наредното еврпопско првенство и барем тогаш не можат да играат против домашната селекција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share