hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Шариќ: „Среќен сум и испразнет, ја посакувам Шпанија во финале„

Poland vs Qatar 150130Qatar 2015 M81 POL vs QAT-SUKI1923 xlarge

Со сличен учинок како против Германија во четвртфиналето, соиграчот на Кирил Лазаров од Барселона, Даниел Шариќ има огромни заслуги во историската победа за финале на малиот Катар. Тој беше најбаран од победничката селекција по натпреварот, посебно од балканските новинари, но имаше време и енергија само за неколку збора:

„Среќен сум, но не делува така бидејќи сум уморен. Испразнет сум. Одигравме како што се договоривме. Сите гиневме за исполнување на целта и еве сме во финале. Пресреќен сум. Можеби пред некое време делуваше невозможно, но сега сме на чекор до светска титула. Ја посакувам Шпанија во финале„ истакна Даниел Шариќ, кој не го почна мечот од првата минута, но откако влезе во игра блескаше и имаше одлучувачки интервенции. Ако в недела триумфира Шариќ, ќе биде единствениот во катарскиот состав и еден од малкумината во одбраното друштво во светот на ракометот, кој ќе имаат светска клубска и реперзентативна титула.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share