hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Ривера: „Заедничката работа од пет месеци дава резултати„

Qatar vs Germany 150128Qatar 2015 M80 QAT vs GER- OB21098 xlarge

Катар за прв пат во својата историја ќе игра полуфинале на една светска приредба и може годината во која ги освои азискиот шампионат и азиските олимписки игри, да ја заокружи со медал од светско првенство. Нема дилеми дека голема работа е што меѓу Полска, Франција и Шпанија, малата држава од Азија игра полуфинале:

„Во пракса не би издвојувал, колективот е нашиот адут, но од друга страна не може човек да не ги спомене Жарко, Капоте, голманите или Борха. Наша голема предност е што пет месеци сме заедно, работиме напорно и ги гледаме резултатите од таа работа. Сега сме во полуфиналето и се е можно. Па така не е невозможно и да минеме во финалето, но мора да имаме на ум дека на спротивната страна имаме голема репрезентација. Исто така големи се останатите полуфиналисти. Драго ми е за Катар, бидејќи оваа земја заслужува ваков успех. Не само ракометот, туку сите спортови заслужуваат успеси со ваков третман и со вакви вложувања„ рече на средбата со новинарите најтрофејниот ракометен тренер во светот, Валеро Ривера. Неговиот сон веројатно е финале со Шпанија и против неговиот син Валеро Ривера јуниор.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share