hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Рокас: „Ние сме група на другари, селфито е изум на Агинагалде„

Spain vs Slovenia 150123Qatar 2015 M50 ESP vs SLO- B2 9287A xlarge

Серијата победи на репрезентацијата на Шпанија се заканува да го собори рекордот на Франција, која во Хрватска и Шведска на шампионатите во 2009 и 2011 година нанижа серија на континуирани победи. По девет триумфи во Шпанија пред две години, сега „црвената фурија„ има седум победи од исто толку натпревари. Алберт Рокас смета дека не се најдобри, но можат да ги победат и најдобрите:

„Ние сме група на другари и сите играме во различни земји и првенства и сега во репрезентација се собираме и се дружиме. Знаеме дека инвидуално можеби не сме најдобри на светот, но ова е петто последователно наше полуфинале на големо натпреварување, а тоа не е лесно да се постигне. Против Франција предвидувам дека ќе биде меч како против Данска, со малку голови и со многу цврсти одбрани. Идеата за селфи во соблекувалната Тоа е идеа на Агинагалде, уште од првиот меч дојде со неговиот мобилен и постолје за селфи и секегаш спонтано одлучува, како ќе прославуваме„ истакна Алберт Рокас, кој минатото лето од Данска се врати во Шпанија и настапува за Натурхаус Ла Роха од Логроњо. Четирите крила на светскиот првак одлично ротираат и селекторот Каденас секогаш има на располагање квалитетен избор на таа позиција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share