hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: А. Душебаев: „За мене Арпад е најдобар, но Гонзало овој пат се докажа„

Spain vs Slovenia 150123Qatar 2015 M50 ESP vs SLO- VX17071 xlarge

Иако не настапи на мечот со Данска, ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев е значаен дел од ростерот на Каденас прд одлучувачките натпревари. А сега доаѓа оној најтешкиот, најкомплицираниот, против Франција. Како да се победи скоро непобедливиот тим на Онеста, тим кого само еднаш во последната деценија загубил од шпанскиот состав. Душебаев верува и во младиот голман, Гонзало кој одлично го заменува Штербик:

„За мене Арпад е најдобар на светот, но мислам дека на овој турнир младиот Гонзало брани одлично. Мечот со Франција е меч против голема репрезентација, играат страшна одбрана и тоа може да биде одлучучки. Со Данска бепе многу тешко, но сега не чека најтешкито меч на шампионатот. Се надевам дека во Македонија ќе се вратам со медал. Тоа ни е целта„ истакна на македонски јазик, Алекс Душебаев, кој на овој турнир ја дели минутажата со Македа и може да биде таен адут на Каденас за одлучувачките натпревари. Шпанија и Франција скоро секогаш се среќавале на големите приредби со тоа што последен пат шпанците се радувале во Нови сад на мечот од групната фаза на европското првенство во Србија во 2012 година. Тоа е единствена победа од последните седум меѓусебни средби на „црвената фурија„ во мечевите со Франција. Еднаш играа и нерешено во групната фаза на мундијалот пред четири години во Шведска.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share