ВИДЕО: Марковиќ: „Ривера знае што прави, тој е најдобар во светот„
Иако селекторот не би издвоил никого од своите, бившиот ракометар на Металург, Жарко Марковиќ има немерливи заслуги за прогресот за време на турнирот и пласманот во полуфиналето. Неговите голови во клучните моменти и против Австрија и против Германија, му дадоа „крилја„ на својот тим и со тоа беше полесно да се победува. Марковиќ го велича и големиот тренер Ривера, која уште еднаш потврди дека знае да избере вистински момент кога да предводи еден клуб и една селекција:
„Како сме водени од Валеро Ривера мора да кажам дека се работи за одличен тренер. За мене најдобар во светот. Многу ми помогна и сите веруваме во него. Сигурни голем предност ни е што сме долго време заедно. Ние напорно работиме и за азискиот шампионат и сега за мундијалот. Утре не би требало ние да подлегнеме на притисокот. Полска е голема репрезентација, ние од меч во меч играме се подобро и верувам дека не очекува голем меч„ истакна црногорецот Марковиќ, кој изби на второто место на листата на стрелците и на листата за МВП на турнирот, а со оглед на тоа што сигурно ќе игра уште два натпревари на турнирот, лесно може да се случи за време на турнирот да избие на врвот.