hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Биглер: „Ривера внесе многу нови работи во оваа катарска селекција„

Croatia vs Poland 150128Qatar 2015 M77 CRO vs POL- U8Y6928 xlarge

Кога со Богдан Вента во 2007 година освоија сребро на светското првенство во Германија, се чинеше дека полјаците ќе отворат победоносен циклус во годините кои следат. Истото сега може да се каже со оваа Полска, водена од германскиот тренер Михаел Биглер. Најверојатно нема да може да смета на Лијевски заради повреда, но на мечот со Катар, бело-црвените пак ќе го имаат цврстиот дефанзивен блок, сочинуван од двометрашите и голманот Славомир Шмал:

 

„Мислам дека одбраната е нашиот адут на овој турнир. Играме добро, организирано и генерално сметам дека на целото првенство одбраната и брзите моменти во транзиција се карактеристика. Не можам да ви кажам какво е ова првенство генерално, бидејќи не гледав многу натпревари, со исклучок нашите и на нашите противници. Имате многу стручњаци присутни тука, па тие можат да ви кажат какво е ова првенство, добро или лошо, посилно или послабо од претходните. Сметам дека Катар со Ривера има нешто ново во својот систем. Имам среќа што во Полска, во Висла Плок работи Маноло Каденас и често разговараме, се дружиме и тој е многу пријатен човек, па од него научив многу работи за катарскиот тим и за овој стил генерално. За утрешниот меч ние немаме никаков притисок, не би требало да го има ниту домаќинот. Ќе решаваат детали, ќе видите„ истакна Биглер, кој во Полска има третман на многу комуникативен и затворен тип, кој често влегува и во конфликт со новинарите, но добрите резултати на неговата репрезентација сега му дозволуваат да размислува поинаку и во мир да го подготви полуфиналето. Близу 300 полски навивачи се присутни во Доха и утре ќе се обидат да парираат на скоро 15.000 навивачи на домашната селекција.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share