hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Јуркиевич: „Со одбрана ги надополнуваме офанзивните лимити„

Croatia vs Poland 150128Qatar 2015 M77 CRO vs POL- AH 1565 xlarge

Малкумина очекуваа ваков рецепт на полската репрезентација за да се стигне до полуфиналето. Цврста одбрана, максимално користење на брзите крила и долгата клупа. Голема врлина на момците на Биглер е што ги познаваат своите врлини и маани и работат на таа основа за да се подобрат:

„Многу паметни луѓе рекле дека натпревар се добива со напад, но турнир се добива со одбрана. Мислам дека и на овој турнир тоа се гледа. Ние немаме баш најдобар напад и мора напорно да работиме, за со одбрана тоа да го надополниме лимитот во одбраната. Тоа го видовме и против Шведска и против Хрватска. Имаме среќа што имаме искусни ракометари како Биелецки и Шмал и тие ни помагаат да се прилагодиме на ситуацијата. Што се однесува до Катар, секоја селекција која ќе стигне во полуфинале на светско првенство има неспорен квалитет и тоа мора да се респектира. Не мислам дека и ние и катараните ќе бидеме оптеретени со притисок за пласман во финалето. Едноставно тоа е важен натпревар и ништо повеќе„ истакна Мариуш Јуркиевич, еден од најдобрите полски ракометари во Катар. Неговото враќање од Шпанија во татковината значеше лидерска улога во новиот клуб, а таква има и во репрезентацијата.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share