hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Нодесбо: „Разочаран сум, одбраните на двете селекции беа предобри„

nodesbo 2

Во кожата на шпанците од минатата година и од европското првенство во Србија 2012 година, сега се најдоа данските ракометари, кои никако да ги избалансираат своите настапи на европските и светските првенства. Пак им недостигаше континуитет во натпреварите и во текот на еден значаен натпревар имаа премногу застои и падови. Имаа добри моменти и веднаш потоа пад, но голот на Канељас ги „фрли„ во очај, бидејќи го загубија сонот оваа генерација да стане и светски првак, откако два пати беше европски шампион. Нодесбо, кој спроти себе имаше неколку соиграчи од Барселона не го криеше незадоволството и тага по конечниот исход:

„Многу сум разочаран. Мислам дека ова беше тежок и многу изедначен натпревар. Беше тешко и за нас и за шпанците да играме добро во напад, покрај толку добри одбрани. Мислам дека среќата ни го сврте грбот. Не знам дали ова првенство е со послаб квалитет од претходните, тоа подобро може да го кажете вие новинарите, но сега многу жалам за нашата елиминација од местата на пиедесталот„ рече ракометарот на Барселона, Јаспер Нодесбо, додека неговиот клубски другар Виктор Томас се обиде да го утеши во микс зоната. Утехата може да дојде в сабота, кога Данска со победа против Словенија ќе обезбеди место во олимписките квалификации.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share