hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Нова тренинг победа на Франција за лесно полуфинале

Slovenia vs France 150128Qatar 2015 M78 SLO vs FRA- AH 1975 xlarge

По тешкото осминафинале против Македонија, Словенците немаа сили да им се спротивстават на моќните французи, кои уште во првото полувреме практично ги решија сите дилеми на оваа средба. По првите 30 минути Карабатиќ и другарите водеа со 7-8 разлика и како против Аргентина така брзо се одлепија, што го направија второто полувреме чиста формалност. Пак клучот беше во одбраната која му дозволи на Омејер неколку лесни одбрани, а ги натера момците на Дениќ да направат несватливи лесни технички грешки за контранапади и голови на „галските петли„. Конечните 23:32 (10:18) покажуваат дека играа две нерамноправни екипи во борба за полуфиналето.

Несовладливиот Омејер имаше 18 одбрани, а целиот тим на Онеста одигра беспрекорен натпревар, покажа огромна тактичка дисциплина и најавија дека оваа Франција и со половина „гас„ може да добие битни натпревари на еден мундијал. Даниел Нарцис со 6 и Никола Карабатиќ со 5 гола беа најефикасни на мечот, Мае и Жоли постигнаа 4, а Лука Карабатиќ, Бараше и Порт по 3. Кај „змајчеките„ Шкоф имаше 12 одбрани, Лука Жвижеј беше најефикасен со 6 гола, а по 4 додадоа Цехте, Доленец и најдобриот стрелец на турнирот, Гајиќ.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share