hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Шариќ: „Одлучи одбраната, приказните за премиите се измислици„

saric 2

Најбараната личност во микс-зоната по мечот беше Даниел Шариќ, кој за прв пат на еден голем турнир настапи за Катар и покажа колку е значајно да се има еден расположен голман на натпревар од ваков тип. Одбраната и интервенциите на голманите на двете страни беа толку различни, што евиденто беше дека во тој сегмент од мечот падна одлуката околу победникот:

„Натпреварот го реши нашата одбрана. Заневме што сакаме во одбраната и тоа беше клуч. Валеро ги намести „коцките„ како што треба. Ова е неверојатен успех на една сега склопена репрезентација. Балканската врска исто така добро функционира„ велеше пресреќен голманот на Барселона. Тој ги отфрли шпекулациите дека огромни ќе бидат премиите на катараните за секое наредно елиминационо коло: „Тој новинар кој во арапски весник ги извади тие неосновани информации, не си ја врши работата како што треба. Ние играме ракомет и мислиме само на ракомет. Немам друго што да порачам„ истакна јунакот на четвртфиналниот меч меѓу Катар и Германија. Тој со одлучувачките два одбранети зицери по ударите на Штробл и Винцек, ја донесе победата, која како играа катараните во ниту еден момент не беше доведена во прашање. Шариќ кој има европска клубска титула со Барселона, настапуваше за селекциите на СР Југослвија и БиХ, но сега со Катар има историска шанса да освои медал и да ја продлабочи својата легенда.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share