hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Полска имаше повеќе нерви и квалитет за полуфинале, Хрватска елиминирана

Croatia vs Poland 150128Qatar 2015 M77 CRO vs POL- AH 1158 xlarge

Во изедначено четвртфинале Полска и Хрватска во последните три минути го решија прашањето на победникот и ривалот на Катар в петок. Полјаците поведоа со 12:10 на полувреме, но Хрватите се вратија во вториот дел, па имаа и највисоки 17:14 во 42 минута, но тркалото повторно се сврти. При 22:22, момците на Голужа не реализираа зицер и Хрватска го „испушти возот„ за полуфинале.

Така Чкраповски и Сипрзак на момците на Биглер му донесоа ново место во историјата. Јуркиевич беше прв стрелец со 6 гола, а Шмал беше на потребната висина во важните моменти, заокружувајќи 12 интервенции. Во хрватскиот табор Копљар и Дувњак имаа по 5 постигнати голови, но како и на целиот турнир „коцкестите„ не беа онаа репрезентација од последниот мундијал во Шпанија и последното европско првенство во Данска. За Полска ова е второ полуфинале во историјата по она во Германија 2009 година, кога оваа селекција го освои сребрениот медал.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share