hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шариќ и Капуте му носат историско полуфинале на Катар

Qatar vs Germany 150128 ALX3685 xlarge

Катар испиша историја и влезе во полуфиналето на мундијалот, со што е прва азиска репрезентација која избори полуфинале на едно светско првенство. Валеро Ривера постави неверојатно добра одбрана и го „отупи„ нападот на германскиот тим. По 3:3, катараните со многу поразновиден напад, успеаа да побегнат на 6:3, а потоа и на 10:6 на половина полувреме за првиот тајм-аут на Дагур Сигурдсон. Шариќ и за седмерци Стојановиќ одлично бранеа, за физички корпулентниот Борха Видал бундес-тимот немаше решение, а Марковиќ и Мемишевиќ постигнуваа ефектни голови за 16:9 во 24 минута.

Qatar vs Germany 150128Qatar 2015 M80 QAT vs GER-SUKI1062 xlarge

Но со Германија никогаш не се знае, па Генсхајмер и Друкс со голови во последната минута, првиот дел го завршија со само 4 разлика за Катар, иако по играта домаќинот делуваше многу убедливо (18:14). На почетокот од второто полувреме, германците ги средија своите редови, пред се играа подобра одбрана и преку Генсхајмер и Винцек намалија на 21:19. Но немаа решение за Капуте кој реализираше 8 голови, некои од нив спектакуларни. Со 24:21 се влезе во последните 10 минути од мечот. Тогаш на сцена стапи Даниел Шариќ, кој одбрани два зицери и го отвори патот кон полуфиналето на неговата репрезентација. На крајот без треперење 26:24 (18:14) за историско полуфинале на Катар. Ривера направи уште едно чудо и не загубил меч на едно светско првенство, откако со Шпанија ги доби сите мечеви на мундијалот пред две години. Шариќ блескаше со 12 одбрани, Капуте постигна 8 гола, пивотменот Борха Видал и Жарко Марковиќ исто така дадоа голем придонес во победата на домашната селекција. Кај Германија Генсхајмер со 5 гола беше единствена светла точка, но тимот на Сигурдсон целосно потфрли и немаше одбрана и голман како катарците.

Комплетниот извештај од натпреварот можете да го погледнете ТУКА:

Share