hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Биглер: „Хрватска е „фабрика за таленти„ никогаш не би ги посакал"

biegler

Селекторот на полската репрезентација Михаел Биглер со нетрпение го очекува четвртфиналниот меч со Хрватска, можеби да ја прекине серијата на порази која полските ракометари ја имаат од „коцкестите„. Можеби улогата на „пациенти„ добро ќе им дојде на Биелецки, Јурецки, Шмал и останатите, бидејќи тие немаат што да загубат, а момците на Голужа се фаворити дури и за златото. Биглер е умерен оптимист:

„Во вакви големи мечеви мора да парираме во брзина. Хрватска е противник кој никогаш не би го посакал. Тие се „фабрика за таленти„ и мора до детал да ги анализираме нивните добри и лоши страни. Што се однесува до нас, некои од нашите ракометари за последен пат се на големо натпреварување. Полека со едно око гледам и кон иднината и барам млади таленти кои ќе ги заменат оние кои заминуваат„ истакна за „Балкан хендбал„ селекторот на Полска во пресрет на денешното четвртфинале со Хрватска од 16:30 часот. Овој дуел е меч на двете највисоки репрезентации на светското првенство. Полска во просек има 196 сантиметри по ракометар, а Хрватска еден сантиметар помалку.

Share