Туниската ракометна федерација соопшти дека ја прекинува соработката со селекторот Сеад Хасанефендиќ и неговиот стручен штаб. Тунижаните не се задоволни од игрите и резултатите постигнати на мундијалот во Катар, каде завршија на 15 место, па затоа решија да побараат друго решение за селекторската позиција.
Тунис загуби од Македонија и го освои четвртото место во Б групата, а потоа дојде и очекуваниот осминафинален пораз од Шпанија (28:20). Најголемито успех на Хасанефендиќ е четвртото место на мундијалот во Тунис во 2007 година.