hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пеналите царуваа денес на Президент Купот

Presidents Cup Belarus vs Czech Republic 150127Qatar 2015 M76 BLR vs CZE- B2 2419A xlarge

Додека се загреваат четвфиналистите, денес во Доха се играа мечеви од Президент Купот, мечеви за пласман од 17 до 24 место. Во многу изедначен и драматичен натпревар Белорусија и Чешка играа за освојување на 17 место. Толку беше неизвесно што мораше да решаваат ударите од седум метри, а таму повеќе среќа имаше Чешка која славеше со 31:32.

Во селекцијата со која веројатно ќе го играме одлучувачкиот меч за пласман на европското првенство во Полска, по 6 гола дадоа Бабак, Јиха и Здракала, а кај поразената Белорусија, соиграчот на Лазаров од Барселона, Сергеј Рутенка бешпе автор 12 гола. Русија по серија на порази, конечно се разгоропади и ја декласира БиХ, во меч со 70 гола.

Кај момците на Кулешов најефикасни беа Ковалев со 6, Асланиан и Деревен додадоа уште по 5 гола. Кај босанците, одличен меч на Малиновиќ кој постигна 6 гола. 21 место му припадна на Иран на Борут Мачек, откако против Саудиска Арабија, нашиот втор противник во Б групата, победи со 4 гола разлика. Алахкарем Естеки со 6 и Раџаби со 5 гола беа најзаслужни за победата. Фенерот е за Алжир, кој по изведувањето на пенали загуби од Чиле во многу неизвесен натпревар. Феноменалниот Родриго Салинас даде 11 гола во победата на јужноамериканците, кои погодија три од четири изведени седмерци, а алжирците само еднаш беа прецизнии, па мора да се задоволат со 24 место.

Меч за 17 место
Белорусија - Чешка 31:32 - 28:28 (13:14) пенали

Меч за 19 место
БиХ - Русија 28:42 (16:20)

Меч за 21 место
Иран - Саудиска Арабија 26:22 - 23:23 (15:10) пенали

Меч за 23 место
Чиле - Алжир 30:28 (17:11)

Share