hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Голужа: „Полска има една голема предност, цела година се заедно во Киелце„

goluza 5

По вчерашниот нешто поопуштен ден, од денес започнува подготовоката за четвртфиналниот меч на Хрватска против Полска. Иако момците на Голужа веднаш ја добија фаворитската улога, сепак селекторот има огромен респект за ривалот и напоменува дека на мечот против Шведска можеше да се забележи вистинскиот лик на оваа репрезентација:

„Играа одлична одбрана против Шведска, предводена од Славимир Шмал. Имаат висока позициона одбрана. Во нападот располагаат со страшни шутери Јуркиевич и Биелицки. Ги краси тоа што цела година се на собир, играат сите заедно во Киелце. Тие се силен противник, но ние се концентрираме само на себе. Ќе им се спротиставиме со агресивна одбрана 6-0, но ќе се обидеме да ги избркаме нивните бекови од нашиот гол„ заклучи Голужа. Полска многу ретко знаела да застане на патот на хрватите и затоа утре со многу надеж влегува во мечот во кој влог е полуфинаелето. Нив им одговара да ја имаат улогата на тим кој нема што да загуби и од таа дистанца можат да бидат многу опасни.

Share