hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Шпилер ги повреди препоните, за него мундијалот заврши

spiler

Голем малер му се случи на словенечкиот национален тим, кој се подготвува за четвртфиналето со Франција. Последниот ракометар кој влезе во листата на повредени пред и на овој шампионат е Давид Шпилер. Тој доживеа повреда на препоните во натпреварот против Македонија, а неизвесно е дали ќе се појави на теренот до крајот на шампионатот.

Да бидат работите уште полоши, селектор Борис Дениќ веќе го искористи правото за замена, бидејќи веќе ги искористи двете замени внесувајќи ги Цехте и Бундало. Така, словенечкиот селектор остана само со Лука Жвижај на позиција на лево крило.

Share