hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Омејер: „Го испочитивавме договорот и затоа лесно славевме„

France vs Argentina 150126Qatar 2015 M68 FRA vs ARG- AH 0165 xlarge

Со 13 одбрани и многу сериозен пристап во натпреварот, Тјери Омејер пак делуваше оној стариот. Кога тој е во неговиот препознатлив елемент тешко кој може да игра со Франција. Со аргентинците одбраната на европскиот првак личеше на оној „армиран бетон„ кој не може да се пробие, на кој сме навикнале да ги гледаме „ескпертите„. Омејер одбива да констатира дека за Франција сега почнало првенството:

„Почна и порано, но системот на натпреварување ни дозволува да темпираме за во последната недела да бидеме најаки. Денес влеговме одлично во мечот, сите игравме како што се договоривме во соблекувалната и затоа брзо го решивме победикот. Само така мораме да играме и во наредните мечеви, бидејќи секој противник сега е многу опасен. Словенија е ракометна земја, има одлични ракометари, дел од нив играат во француската лига и добро ги познаваме„ рече голманот на ПСЖ, Тјери Омејер. Во само два дена од ненајубедливата победа над Шведска без Ким Андерсон, до денешната симултанка против истата таа Аргентина која ја победи Русија и ремизираше со данска, видовме две сосема спротивни лица на „галските петли„. Според планот ако фаворитот ја подига формата и натаму, кој знае како ќе изгледаат против Словенија во среда.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share