hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Пристигна вистинската Франција, лесна победа и на Данска

France vs Argentina 150126Qatar 2015 M68 FRA vs ARG-GEO52 xlarge

Големиот фаворит Франција одлично го почна мечот со Аргентина, пред се во одбраната и по половина полувреме Омејер прими само два гола. „Галските петли„ имаа 6:2 со многу брзи против удари на Гигу и Порт. Ветеранот Жером Фернандез и Ксавиер Бараше го комплетираа мозаикот со голови од надворешните позиции за 10:3 во 20 минута. Реакцијата на „гаучосите„ беа двата гола на Федерико Пизаро за 11:5 во 25 минута.

Но се чинеше дека победникот е решен по само едно полувреме. Момците на Онеста на одмор заминаа со 16:6 и функционираа во двата правци. Валентин Порт со три гола на почетокот на второто полувреме го зададе дефинитивниот удар од кој аргентинците не можеа да се опорават (20:8). Омејер бранеше силно мотивиран, а во завршницата французите имаа време и за атракција. На крајот финални 33:20 и четврфинале за Франција против Словенија. Во победничкиот табор Порт даде 6 гола, Жоли додаде уште 5, а Гигу имаше 4. Но ова беше колективно најдобро издание на „галските петли„ па не смее да се заборави ниту еден член на победничкиот тим. Жером Фернандез делуваше мотивирано, се видоа и првите знаци на опоравување и враќање на Нарцис.

Iceland vs Denmark 150126Qatar 2015 M66 ISL vs DEN- OB 9607 xlarge

Кај Аргентина Кароу со 4 и Пизаро и Фернандез со по 3 гола беа најпозитивни. Без повредениот Арон Палмарсон, селекцијата на Исланд воопшто не беше рамноправен ривал на разгоропадената Данска, која по 0:4 и 2:9 го реши мечот во раната фаза, исто како што тоа го направи Чешка против Исланд во групната фаза. Конечните 25:30 дури и не отсликуваат колку лесно е издвојувана победата за европските вицешампиони. Лауге со 6 и Тофт Хансен со 4 гола беа најдобри во данскиот состав, во кој се фунционираше како што треба. Микел Хансен даде 3 гола, а Ладнин имаше 14 интервенции. Кај Исланд Петерсен со 7 и Сигурдсон со 6 гола беа најрасположени, но главно головите ги постигнаа откако победникот беше решен.

Франција - Аргентина 33:20 (16:6)

Исланд - Данска 25:30 (10:16)

Share