
Со 9 гола на Сергеј Рутенка, Белорусија ја совлада Босна и Херцеговина и ќе се бори за 17 место на светското првенство. Таму в среда ривал ќе им биде Чешка, која во драматичен меч беше подобра од Русија. Здрахала со 8 и Јурка со 7 гола беа најдобри во победничката селекција. Утре за 21 место ќе се борат Саудиска Арабија, која денес ја забележа првата победа на турнирот и Иран, а „фенерот„ ќе се обидат да го избегнат Чиле и Алжир.
Президент Куп
Мечеви за пласман од 17 до 20 место
Белорусија - БиХ 37:29 (20:16)
Чешка - Русија 32:30 (16:15)
Мечеви за пласман од 21 до 24 место
Чиле - Иран 31:32 (15:17)
Алжир - Саудиска Арабија 25:27 (14:12)