hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Јуркиевич: „Меѓу нас и хрватите нема тајни, сонот се вика полуфинале„

Poland vs Sweden 150126Qatar 2015 M67 POL vs SWE- AH 9337 xlarge

По успехот и победата против Шведска, репрезентацијата на Полска која во последните неколку години играше во стилот топло-ладно, конечно одигра дефанзивно непогрешлив меч и се ориентира кон четвртфиналето со Хрватска во среда. Мариуш Јуркиевиќ, кој играше со нашиот Кирил Лазаров во Атлетико Мадрид вели дека нема тајни меѓу полската и хрватската репрезентација:

„Подетално ќе го гледаме мечот на Хрватска и ќе размислуваме за нив утре кога ќе се одмориме од мечот со Шведска. Но веднаш да ви кажам нема големи тајни. Сите добро се познаваме, многу нивни ракометари играат во Полска, а и често се среќаваме со Хрватска на големите натпреварувања. Мислам дека со пласманот во четвртфиналето остваривме голем дел по тоа што дојдовме во Катар, но верувам и мој сон е да играме полуфинале и да се вмешаме во борбата за медалите„ вели Јуркиевич. На последните меѓусебни мечеви помеѓу Хрватска и Полска скоро секогаш „коцкестите„ излегуваа како победници и затоа ќе влезат како фаворити во мечот за пласман во полуфиналето. Ако овој турнир беше подоготовка за европското првенство кое наредниот јануари 2016 година ќе се одржи во нивната земја, момците на Биглер се на добар пат да се вратат во деновите кога освојуваа медали од големите приредби како 2007 и 2008 година.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share