hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Полска го искористи неиграње на Ким Андерсон, Германија пресилна за Египет

Poland vs Sweden 150126Qatar 2015 M67 POL vs SWE- AH 9297 xlarge

Во убав амбиент во салата „Али Бин Хамад Ал Атијах арена„ во Доха, Полска и Шведска се бореа за четвртфинален двобој со Хрватска. Се играше многу тврдо, со мал број на голови и на половина од првиот дел резултатот беше 4:4. Ветеранот Карол Биелецки и неговите проектили беа одговор на младиот Виктор Остлунд, кој одлично го отвори мечот за швеѓаните. По серијата на добри одбрани на Шмал, Бартош Јурецки од седмерец во 23 минута ја одлепи Полска до 8:5. Но се разбрани и Матијас Андерсон и со четири неодговорени гола од контранапади, Шведска за која не настапи Ким Андерсон го сврте резултатот (9:11).

Со голот на Јурецки, Полска на одмор намали на 10:11, но неизвесноста царуваше комплетно во мечот. Позитивните периоди ги менуваа и едните и другите и во 45 минута, Петерсон од седмерец израмни на 15:15. Јуркиевич и Вишњевски го искористија играњето 6 на 5 за Полска да поведе со 17:15. Со таа инерција од 1-2 гола предност за полјаците, мечот кој не изобилуваше со квалитет влезе во последните 5 минути со 20:18 за момците на Биглер. Јурецки со проектил го доближи домаќинот на наредниот европски шампионат до наредниот круг (21:18).

Germany vs Egypt 150126Qatar 2015 M65 GER vs EGY-SUKI9982 xlarge

За проблемите на викинзите да бидат уште поголеми, кога го бркаа резултатот останаа со двајца ракометари помалку и невозможно беше да се вратат во игра. Жолто-сините беа жилави, но на крајот мораа да капитулираат со 20:24 (11:10). Кај Полска браќата Јурецки заедно постигнаа 9 гола, Дачек додаде уште 4, но клуч беше добрата одбрана и голманот Шмал. Шведска за која заради повреда не настапи Ким Андерсон остана на мал број на голови, а немаше ниту расположени ракометари. Петерсен со 5 и Јонас Калман со 4 гола беа најефикасни. Полска по два мундијали во кои не блескаше, влезе меѓу осумте најдобри и е многу блиску до виза за олимписки квалификации. Германија против Египет само го потврди ставот дека на овој шампионат е одлично подготвена. Со водство од првата до последната минута се врати во мундијалско четвртфинале, како и пред две години во Шпанија. Момците на Сигурдсон во првиот дел имаа 2,3,4 гола предност, а на почетокот од вториот дел со добра одбрана и интервенции на Хајневетер, побегнаа на 17:8. До крајот со многу рутина на селекција од најсилната лига во светот, германците славеа со 23:16 (12:8). Во тимот на Германија царуваше колективната игра, одличната игра и контранападот. Генсхајмер постигна 6, Грецки 5, Вајнхолд и Штробл по 3 гола. Кај Египет скоро целиот колектив потфрли, а Иса и Ел Ахмар со по 4 гола беа нешто попозитивни од останатите.

Шведска - Полска 20:24 (11:10)

Германија - Египет 23:16 12:8)

 

Share