hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Карабатиќ: „Хрватска има отворен пат до финале„

France vs Sweden 150124Qatar 2015 M59 FRA vs SWE- AH 6904 xlarge1

Најдобриот ракометар на последното европско првенство, Никола Карабатиќ до сега најчесто се оградуваше од били какви прогнози, нагаѓања, претпоставки. Успеавме да го уловиме, заедно со хрватските медиуми и се осврна најмногу на синоќешната тешка победа на Хрватска против Бразил:

„Беше тешко, но сметам дека сега Хрватска има отворен пат до финале„ низ насмевка рече соиграчот на Лазаров од Барселона.

За неговата Франција беше прескромен:

„Не калкулираме со противниците. Наидовме на тие што костурот ни ги донесе. Наша цел е пласман на Олимписките игри ви Рио, а за тоа мора да го минеме четвртфиналето„ рече Карабатиќ пред мечот со Аргентина.

Новиот капитен поставен од Клод Онеста од пет обиди не постигна ниту еден гол на мечот со Шведска, но и без негов голем учинок во нападот, Франција ги совлада „трите круни„ и со 9 бода влезе во осминафиналето. Франција никогаш не загубила од Аргентина, ниту од јужноамериканска селекција, но вчерашниот отпор на бразилците силно го опоменува и четирикратниот светски првак.

Share