hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Бранд: „Не ме импресионира мундијалот до сега„

brand

Хајнер Бранд е историско име за германскито и светскиот ракомет. Тој е еден од ретките кој стана светски првак и како играч со Западна Германија во 1978 година и како селектор во 2007 година. Сега работи како директор на сите репрезентации во германскиот ракометен сојуз и е повеќе од компетентен да се произнесе за прикажаното до сега на 24 ракометен мундијал:

„Не сум премногу импресиониран од квалитетот на досегашниот дел од шампионатот. Неколку моќни репрезентации имаат смена на генерации, дел од нив сѐ уште немаат клучен ракометар што би направил разлика во играта, а дел од селекциите ја немаат силата од претходно. Позитивно е што неколку репрезентации како Катар, БиХ, Иран прикажаа добри игри и со крупни чекори фаќаат приклучок. Генерално, очекував повеќе„ истакна легендарниот Бранд. Германците ги има во изобилство, што се однесува до јавноста, логистиката и слично и се под идеа дека најсилната лига во светот не смее да пропушти две последователни олимпијади. Вечерашниот меч со Египет е првиот чекор Бундес тимот да се доближи во Рио.

Share