
Катар - најбогатата земја на светот според просекот на БДП по глава на жител, откако секоја победа на мундијалот ја наградуваше со по сто илјади долари по играч, се одлучи за уште поголема премија за влез во полуфинале. Катар на своите ракометни херои им нуди стан и тоа во монденската населба на вештачкиот остров во Доха, по еден автомобил Масерати и по еден милион долари. Катар во четвртфиналето го чека подобриот од денешниот осминафинален меч помеѓу Германија и Египет.