hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Хрватска со „триста маки„ Шпанија со леснотија меѓу осумте најдобри

goluza6

Мечот меѓу Хрватска и Бразил, започна многу брзо, израмнето, практично без одбрани. Момците на Голужа не беа прави и имаа премногу технички грешки. Со голот на Силва во 16 минута, Бразил дури и поведе со 8:9. Со феноменалниот Насименто, кој одбрани 4 седмерци од упатени 5, Бразил на одмор замина со заслужени 13:15. Но во само 5-6 минути од вториот дел Хрватска со своите брзи крила Штрлек и Чупиќ кои реализираа контри како од шега, од -2 дојде до +2 (18:16). Но тоа беше привидна реакција.

Бразил се консолидира, пред се во одбраната личеше на европска селекција и со нови голови на Силва и Рибеиро во 48 минута пак беше егал (21:21). Копљар и Карачиќ со два неодговорени гола и Ивиќ кој одбрани седмерец, сепак го насочија хрватскиот тим до 24:23 на 6 минути со крајот. Голужа побара тајм-аут при 25:24 и напад за европјаните. Дувњак со гол на половина минута до крајот ги разреши дилемите и ја внесе Хрватска меѓу осумте најдобри (26:25). Во победничкиот табор Копљар постигна 5 гола, а по 4 зад своето име запишаа Штрлек и Дувњак. Кај Бразил блескаа голманите, а меѓу десетте стрелци, Силва даде 5 гола. Како и во Шпанија пред две години, многу силен отпор, но сепак елиминација во осминафиналето за кариоките. Актуелниот светски првак Шпанија, како да додаде во брзина повеќе и го совлада Тунис со 28:20 (18:9). Момците на Каденас водеа во текот на сите 60 минути и како да се уште подобри, откако почнаа да се играат нокаут-мечевите. Во тимот на „црвената фурија„ најефикасни беа крилата Угалде со 6 и Томас со 5 гола, а голманот Гонзало собра 14 одбрани. Неверојатно добра колективна игра на светскиот првак, кој во четвртфиналето влегува со голем елан и подигање на формата.

Хрватска - Бразил 26:25 (13:15)

Шпанија - Тунис 28:20 (18:9)

Share