hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Историски успех и полни џебови за катараните

Austria vs Qatar 150125Qatar 2015 M61 AUT vs QAT- DAZ8851 xlarge

Катар - Австрија 30:28 (15:16)

За прв пат во својата историја Катар се најде во четвртфинале на едно светско првенство и со пет победи на шест средби веќе сега го има најдобриот резултат во својата историја. Победена е жилавата Австрија со 30:28 (15:16), иако момците на Јоханесон водеа во текот на две третини од мечот. Австријците наметнаа брза игра и со Вебер кој реализираше контранапади и седмерци имаа и на два пати по 3 гола разлика. На одмор катараните заминаа со еден гол заостанување, откако Марковиќ кој во првиот дел добро беше чуван, погоди за 15:16.

Во вториот дел црногорецот се разигра, нанижа 8 гола, 7 додаде и Капоте и во последните 12 минути, домаќинот успеа да поведе. Тогаш и Стојановиќ на голот успеа да фати неколку клучни топки за најголемата победа во историјата на катарската репрезентација. Момците на Ривера обезбедија четвртфинале, каде ќе го очекуваат подобриот од мечот Египет - Германија за свој противник. Кај Австрија Вебер со 8 гола беше најпозитивен, а како и Катар и за нив осминафиналето и пласманот од 9 до 16 место е најдобар резултат во историјата на светските првенства. За пласманот меѓу осумте најдобри и многу веројатно во олимписките квалификации, Катар ќе ги награди ракометарите и стручниот штаб со по 100.000 евра за остварениот резултат. Како ли ќе биде ако момците на Ривера влезат во борба за медали?

Share