hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

ВИДЕО: Сигурдсон: „Секому му недостига Палмарсон, но покажавме карактер„

Egypt vs Iceland 150124Qatar 2015 M55 EGY vs ISL- AH 6305 xlarge1

Кога една третина од мечот, Исланд на селекторот Кристјансен беше со само еден постигнат гол и евидентни проблеми во нападот, се чинеше дека мечот ќе се одвива како што сакаат египјаните. Но и без својот најдобар ракометар „рибарите„ покажаа карактер, а тој најчесто го вградуваа во тимот најискусните Сигурдсон и Густафсон:

„Денес игравме одлично, иако ни требаше време да се навикнеме на играта во одбрана на Египет. Така променливо играме на овој шампионатот, што пред два дена не личевме на себе против Чешка, а денес одговоривме со добра партија. Таков е ракометот. Со кого и да играме во осминафиналето, тоа е тежок дуел и мораме уште подобро од денес„ рече голманот на исландската репрезентација Густафсон, автор на 14 одбрани.

Сличен беше и ставот на првото име на средбата Гудјон Валур Сигурдсон, автор на 13 гола:

„Овој турнир е таков. Сите репрезентации играат вака променливо. Затоа е убав ракометот. 60 минути и никој не знае што ќе се случи. Палмарсон? На секоја екипа му недостига играч како Арон, а дали е подготвен за понеделник ќе мора него да го прашате„ рече клубскиот другар на Лазаров веднаш по големата победа на Исланд, кој доцна вечерва меѓу Полска и Данска ќе го дознае својот противник во првата елимининациона фаза.

You need to a flashplayer enabled browser to view this YouTube video

Share