По завршувањето на денешните мечеви по групи, познати се сите осминафинални двојки за в недела и в понеделник. За разлика од пред две години во Шпанија, Јужна Америка доби уште еден свој претставник во нокаут-фазата, а Катар ќе ја брани честа на домашниот континент. Европа остана со 11 места.
Македонија - Словенија
Хрватска - Бразил
Катар - Австрија
Египет - Германија
Шпанија - Тунис
Данска - Исланд
Полска - Шведска
Аргентина - Франција
Ако Македонија ја мине Словенија, во четвртфиналето ќе игра со поуспешниот од мечот Франција - Аргентина.