hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Франција на „мускули„ Данска пак подобра од Полска

France vs Sweden 150124Qatar 2015 M59 FRA vs SWE-GEO39 xlarge

Дуелот на најтрофејните ракометни сили во историјата на мундијалите, Шведска и Франција требаше да ја даде одлуката за првото место во групата Ц. Шведска и без Ким Андерсон подобро го почна мечот и инспирирана од Јонас Калман поведе со 0:4 и Онеста побара тајм-аут. Требаше да минат 7 и пол минути за „галските петли„ преку Жоли да го постигнат првиот гол на мечот.

Половина полувреме мина со многу технички грешки на европскиот првак и 3,4 гола доцнење зад „викинзите„ Полека но сигурно, со лоша игра и пред се голови од седмерци и инвидуални потези, Франција во 28 минута израмни на 11:11. Шведска на одмор замина со +1 со седмерецот на Петерсон на 10 секунди до одморот. По 6 минути во продолжението „галските петли„ се вратија во егал ситуација (13:13). Но момците на Штафан Олсон и Ола Линдгрен играа далеку поразноврсно и Остлунд и Калман реализираа за 15:18 во 43 минута. Лука Карабатиќ беше прегруб и заработи црвен картон на половина од вториот дел. Со серија на голови на Жоли, пак од казнен удар, момците на Онеста израмнија на 23:23 на 6 минути до крајот. Благодарение на одбраната, која ги одбиваше шведските напади, Ксавиер Бараше од контра во 56 минута на Франција му го донесе првото водство (24:23). Во транс „триколорите„ дојдоа до +2 со голот на Карабатиќ. На крајот финални 27:25 за Франција во неубедливо издание. Кај победниците, Жоли со 9 гола и Омејер кој блескаше во клучната фаза беа најпозитивни.

Во шведскиот табор Јонас Калман со 8 гола играше како во своите најдобри денови. Европскиот вицешампион Данска, покажа авторитет и седми пат по ред ја совлада Полска. Во меч кој решаваше за второто место во групата, данците славеа со 31:27 (16:12). Момците на Биглер во ниту еден момент не водеа, ни беа блиску до бодови. Кај Данска, Ландин одбрани 11 топки, одличен беше Ханс Линдгрен со 6 гола без промашување, а вкупно 11 ракометари постигнаа голови за скандинавците. За Полска најефикасен беше Ројевски со 5 гола, а двајцата голмани тотално потфрлија со само 5 интервенции. Чешка со која веројатно ќе го играме клучниот меч за пласман на европското првенство во Полска, само за престиж ја совлада селекцијата афрички првак, Алжир со 36:20, со 7 гола на Јиха и 23 одбрани на Штокл.

Франција - Шведска 27:25 (11:12)

Данска - Полска 31:27 (16:12)

Чешка - Алжир 36:20 (21:10)

Share