hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Босна пак со само едно полувреме, прва победа за Австрија

 avstrija-bosna-615x400

Австрија - Б и Х 23:21 (11:12)

Австрија се опорави по поразот од Хрватска и ја совлада Босна и Херцеговина со 23:21 во еден изедначен натпревар, кој австријците го „скршија„ во втората половина на вториот дел и како во квалификациите за ЕУРО 2012 и вој пат беа подобри од плаво-жолтите.

Во првото полувреме дури девет пати резултатот беше изедначен, а првпат една екипа поведе со два разлика дури во 26 минута. Во продолжението Австрија беше подобар противник и од 39 до 46 минута направи серија од 5:0, се одлепи на 19:14, па тоа беше премногу за екипата на Драган Марковиќ. Б и Х се доближи на -3, а со седмерец во последната минута го постави конечниот резултат од 23:21. Дејан Малиновиќ со 6 гола беше најефикасен на натпреварот, а за Австрија Сантос и Силаџи постигнаа по 4 погодоци.

Share