hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Катар со одличниот Марковиќ, крилата ја спасуваа Хрватска

cro-624x447

Носителот на фаворитската улога во нашата група, репрезентацијата на Хрватска, успеа да ја забележи втората победа на светскиот шампионат во Катар, oткако денес во „Духаил арената„ го совлада Тунис со 28:25. Момците на Голужа и тоа како можеа да настрадаат против разновидната игра на африканскиот вицешампион. Тунижаните успеаја да го наметнат својот стил на игра, па натпреварот во поголемиот дел беше крајно неизвесен, со голема борба и агресивна игра пред двата гола. Хрватите водеа и со 6:2 во првиот дел, но по првите 30 минути резултатот беше само 14:13.

Во вториот дел Хрватите тргнаа одлично, па искусните ракометари на Голужа не дозволија никакво изненадување и славеа со 28:25. Крилата Чупиќ со 8 и Штрлек со 7 гола се истакнаа кај „коцкестите„ а Банур даде 9 гола за селекцијата на Хасанефендиќ. Во вториот натпревар во вториот денешен термин Катар ја забележа втората победа на својот мундијал со победата над Чиле од 27:20 (15:9). За репрезентацијата на Валеро Ривера, најдобри беа Марковиќ со 11 гола и Стојановиќ со 11 интервенции.

Хрватска -Тунис 28:25 (14:13)

Катар - Чиле 27:20 (15:9)

Share