hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гајиќ сам ја победи Белорусија, светскиот првак со втора победа

BELARUS VS SLOVENIA 150117ALX 1593 original

Светскиот првак Шпанија ја забележа и втората победа на светското првенство во Катар. Со многу искуство и рутина тимот на на Маноло Каденас го совлада Бразил со 29:27 (19:17). Со водство во текот на сите 60 минути „црвената фурија„ стигна до значајни бодови и квалификација во осминафиналето. Јоан Канељас со 9 гола беше прво име на средбата, а одлични беа и Ривера со 7 и Агинагалде со 4 гола.

Кај Бразил на шпанскиот тренер, Рибера најефикасен беше Толедо со 5 гола. Словенија предводена од неверојатниот Гајиќ ја совлада Белорусија со 34:29 (17:8). Ракометарот на Монпеље со 15 гола беше главна атракција на средбата и изби на првото место на листата на стрелците. Браќата Рутенка беа најпозитивни кај поразената селекција. Џианис беше автор на 6, а Сергеј на 4 гола. Во А групата се издвоија Шпанија и Словенија, а вечерва може да им се приклучи и Катар, доколку го добие и вториот натпревар, а голем фаворит е против Чиле.

Шпанија - Бразил 29:27 (19:17)

Словенија - Белорусија 34:29 (17:8)

Share