hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Со години потсвесно се подготвуваме за ова првенство

kire-lazarov-dreso1

Пред пријателскиот натпревар против Израел, македонската ракометна реперзентација денес одржа средба со новинарите, на која капитенот Кирил Лазаров уште еднаш потенцираше колку е важен големиот настан кој следува, па и можноста за прв пат наш колективен спорт да обезбеди учество на летни олимписки игри:

„Нѐ очекува голем настан. Веќе подолг период, по завршувањето на ЕП во Србија и нашиот неуспешен пласман на квалификациите за ОИ, ние потсвесно се подготвуваме како репрезентација и генерација за она што нѐ очекува во Катар. Влогот е голем и свесни сме за тоа. Јас лично верувам во моите колеги и верувам дека со заедничка соработка, со максикално залагање ќе ги одработиме овие тешки подготовки. Нѐ очекува тешко првенство, така е за сите репрезентации не само за нас, но и сите други имаат иста цел, пласман на олимписки квалификации. Верувам во оваа репрезентација, основата ја имаме веќе подолго време. Постојат противници за кои не ни требаат подготовки, можеме само да се собереме од клубовите и да ги победиме. Но ако сакаме нешто повеќе мора да работиме и да се покажеме како тврд орев за секој противник."изјави капитенот на денешната прес-конференција.

Share