hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Офанзивниот фестивал го доби Македонија

10884747 10205603014017284 1721587796 n

Пријателски меч:

Македонија - Израел 39:37 (20:18)

Во половична исполнетост сала „Јане Сандански„ во Скопје, Македонија и Израел го одиграа првиот од двата пријателски мечеви со Израел на бившиот македонски селектор, Драган Џукиќ. Гостите со голот од контра на Стелмон, први поведоа. Сепак брзо возврати Наумче Мојсоски со гол за израмнување (1:1). Капитенот Лазаров првиот гол од седум метри го постигна во 5 минута за 2:2, но Леви со ефектен гол низ зоната на Македонија, брзо го врати израелското водство.

Реакцијата од македонскиот тим стигна со два гола на Гоце Георгиевски за 4:5 во 8 минута. Но нашата игра во одбрана го почувствува неиграњето на повредениот Јоноски и Обрван при 4:6 побара тајм-аут во 8 минута. Лазаров со првиот гол од игра намали на 6:7, а Борко Ристовски ја забележа четвртата одбрана на нашиот гол. Двете одбрани беа послабиот дел од екипите, а Миркуловски израмни на 8:8 по 13 минути игра. Максималниот ефект го задржи и Лазаров со гол за 9:9, а Недановски го донесе првото наше водство во 15 минута. Сепак расположениот Леви по трет пат погоди и мечот наликуваше на офанзивен арсенал од двата табора. Најрасположениот Георгиевски погоди контранапад за неговиот четврт гол, а истоветно реализираше и Владо Недановски, па Македонија полека се одлепи (12:10).

Во обид да додаде до Миркуловски, Лазаров погоди по четврт пат, па Џукиќ побара минута одмор при 13:11. Ангелов застана на нашиот гол, но Матан го совлада со удар пак низ средината на нашата одбрана (14:13). Стрином и Турел ја комплетираа позитивната серија и пак израелците поведоа (14:15). Лазаров од крилна позиција го постигна својот петти гол за 16:16, а во 26 минута Петар Ангелов постигна гол од еден на друг гол за враќање на нашето водство (17:16). Георгиевски го потврди своето непогрешливо полувреме со гол за 18:16, а меѓу стрелците се запиша и Дејан Манасков, кој во 29 минута ја искористи асистенцијата на Лазаров за 19:17. Тандемот Лазаров - Георгиевски на ефектен начин го заокружи првиот дел со седмиот гол на десното крило и 20:18 за нашиот национален тим. Вториот дел нашиот национален тим го почна со комплетно изменет тим. Вугринец реализира два седмерци, погодија и Прибак и Златко Мојсоски, па Драган Џукиќ побара тајм-аут во 37 минута при 25:21. И Ванчо Димовски постигна свој првенец за 27:22, а од 40 минута Николче Митревски застана на нашиот гол. Следеше позитивен бран за нашиот противник и Стелман во 42 минута погоди од позиција на кружен напаѓач за 27:24 и тајм-аут на Обрван. Реакцијата на нашите ракометари беа комбинаторната игра и головите на Димовски и Златко Мојсоски за 29:25. Непогрешливиот Стелман секогаш прв во контранападите со два нови гола изби на врвот на листата на стрелците и Израел се доближио до 30:28. Гал во 47 минута од седум метри ја казни нашата комотна игра во нападот и техничките грешки и израмни на 30:30. Филип Лазаров од првите свои обиди ја врати нашата предност (32:30). Ојлески погоди два пати од контранапад за првите голови и за ново наше одлепување (34:31). Митревски на голот фати ритам и одбрани неколку топки, а кога З.

Мојсоски реализираше молњевита контра, Џукиќ побара минута одмор при 34:31 во 53 минута. Откако младиот Талески пресече, Ренато Вугринц реализираше контранапад за нешто поспокојни 37:34 на 4 минути до крајот. На 65 секунди до крајот голот на Вугринец донесе спокој и со +3, Македонија влезе во последните 60 секунди. На крајот 39:37 со голот на Ојлески на 5 секунди до крајот, во меч практично без одбрани, со пријателски и на моменти егзибициони моменти. Кирил Лазаров постигна 5 гола, во нашиот тим скоро сите се запишаа меѓу стрелците, а Георгиевски беше најефикасен со 7 гола. Двете екипи утре ќе се сретнат во натпревар од затворен тип. Мечот Македонија - Израел започна со едно минутно молчење заради прераната смрт на бившиот репрезентативец Борис Чурлевски.

Share