hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: „Важна ни е победата, потребна ни е ширина во составот„

mkdizrael

Мечот со Израел од отворен карактер беше последен поздрав од македонската публика за нашите мундијалски херои, кои денес со истиот противник ќе се соочат во натпревар од затворен тип. Капитенот Кирил Лазаров пред новинарите ги изнесе своите импресии од мечот со огромен број на голови, кој сепак на крајот потврди дека има разлика помеѓу двете селекции:

„Ние сме во таков период, тренажен процес, каде што важна ни е победата. Сакаме да победуваме и на крај тоа го направивме. Дадовме како никогаш досега многу голови, на една одбрана, која е незгодна и со која ќе се сретнеме на СП во Катар. Имаме такви репрезентации во групата, борбени, како Тунис, Иран кои играат вака. Одличен противник за да вежбаме некои акции. Задоволни сме, шанса добија сите, сите го дадоа својот максимум. Сега акумулираме енергија. Во Катар планираме да одиграме седум-осум меча, дај боже, па ќе ни треба многу сила и ширина.

Ќе треба да имаме 16 барем приближно подеднакво квалитетни ракометари, со една добра ротација и со правилно распоредување, вкомпонирање, се надевам ќе прикажеме квалитетни игри, како секоја репрезентација која има високи амбиции. Едно СП не се издржува со седум-осум ракометари. Колку и да сме подготвени и професионалци ни треба таа ширина и се надевам дека ќе ги искористиме сите играчи, секој ќе си има своја улога, но со таа улога ќе си носи своја одговорност, нормално, затоа што не сакам да бидеме репрезентација со двајца-тројца одговорни играчи. Сакам одговорноста да ја поделиме на 16, па макар тој 15-ти, 16-ти играч добил само пет минути. Тоа значи нема шутирање „ајде сега ќе шутнам, ќе бидам храбар„ напротив треба да се изгради и да се понесе одговорност за таква работа. Ако пробаме тоа да го всадиме во нашата глава и во нашата свест, добро ќе поминеме", заврши капитенот Лазаров по натпреварот со Израел.

Share