hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Гландорф го пропушта мундијалот и остатокот на сезоната

glandorf

Иако Фленсбург го совлада Кил од 26:22 во последното бундеслигашко коло оваа година, потврдена е сериозноста на повредата на Холгер Гландорф, која ја заработи во вториот дел од овој натпревар. Десниот бек ја скина тетивата, поради што оваа натпреварувачка сезона е целосно загубена за него.

Ова е голем проблем и за германската ракометна репрезентација, бидејќи Гландорф беше еден од главните адути на оваа селекција на претстојниот мундијал во Катар во јануари наредната година.

Share