hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Краус повторно повреден, го пропушта мундијалот

OlympicsDay2Handball1icpa0vGxd l

Еден од најкреативните германски репрезентативци, кој во текот на кариерата често беше на удар на повредите, Михаел Краус нема да настапи на светското првенство во Катар во јануари 2015 година, од истата причина, повторно е повреден. Селекторот Дагур Сигурдсон го објави поширокиот список на кој ги нема Гландорф и Краус, а на нивните места се повикани Мартин Штробл и Тим Кнеул.

Германија со вајлд-карта доби право за настап на мундијалот, а со ракометари како Хајневетер, Генсхајмер, Вајнхолд и Грецки ќе има многу млад тим, кој нема да биде во потесниот круг за освојување на медалите. Светското првенство ги смести во група со Данска, Полска, Русија, Аргентина и Саудиска Арабија.

Share