hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

logo-live-scores1

Лазаров: Најлошо е сега да кренеме раце од се,но сето ова не треба да не обесхрабри!

160119 FOS mwol 0325 1440x600

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров после натпреварот против Исланд истакна дека жали за пропуштената шанса да се оди понатаму, но потенцира дека не смее да се крене раце и сите сега да се откажат од селекцијата.

 „Добивме квалитетна група, јас и пред Мундијалот кажав дека ќе биде светско чудо ако минеме во наредната рунда. Полека почнува да се прави промена на генерации. Многу млади деца влетаа во оваа репрезентација, со никакво искуство, со нас неколку поискусни. Меѓутоа ова е Светско првенство и овие натпревари се добиваат на искуство. Како поминува времето, така се губи и енергија. Не успеавме, дојдовме со „детска градинка" на ова првенство, меѓутоа за овие млади играчи, имам само позитивни зборови. И јас сум бил млад играч, знам дека не е лесно кога си првпат некаде. Имав многу натпревари за да стигнам онаму кадешто сум. Мора да ги охрабриме младите. Гарантирам дека Македонија нема да треба да се грижи за иднината, ако продолжи да се работи на ваков начин.

Младите видоа како е да се игра под притисок, како е кога се победува, како е кога се губи, како е кога мора да се победи... Најлошата комбинација во моментов е сите да кренеме раце и да се откажеме. Мора да ги засукаме ракавите и да работиме. Не смее ова невлегување во втората фаза да не демотивира и едноставно сето она што сме го граделе да го фрлиме низ вода. Блиску сме до пласман на ЕП 2020. Потајно посакувавме квалификации за Олимпики игри, тоа ни беше голема желба, меѓутоа знаевме дека тоа ќе биде тешко. Ќе имаме уште една шанса на Европско првенство, ќе видиме што ќе биде", изјави Лазаров.