hummel Logo 160

Forza logo za Sport Life

skolo logo fb

logo-kmg

LIVESCORE.in
OFF

logo-live-scores1

Лазаров: Ќе бидеме посвежи утре, за нас дуелот со Исланд е финале

kire-lazarov-spanija

Македонија денес и тоа како беше компетитивна во првиот дел, за во вториот да попушти и ги заштеди силите за утрешниот дуел со Исланд.

Со поразот од Шпанија и победата на Исланд над Јапонија паѓаат во вода сите математики во пресрет на последното петто коло од групата Б на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска. На нашиот национален тим сега му е потребна победа во директниот дуел со Исланд утре во 18:00 часот за пласман во главната групна фаза.

„Имавме одлично прво полувреме, бевме расположени. Потоа следеа промени, и на крајот пораз. Можевме да бидеме егал со Шпанија и до 59. минута, и потоа повторно да загубиме. Ќе бидеме посвежи утре. За нас утре е финале' на Мундијалот, на мечот против Исланд. Се надеваме на најдобро", смета капитенот.

Веднаш по мечот нашите ракометари заминуваат во хотелот во близина на Олимпискиот парк и започнува рекуперацијата пред натпреварот со Исланд утре попладне.

 

 

Фото - Ekipa.mk