hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров е втор најдобар стрелец по две мундијалски кола

kire bahrein1

Кирил Лазаров по две кола има постигнато 16 голови со кои е втор најдобар стрелец во моментов со само еден погодок помалку од крилото на Германија, Уве Генсхајмер. Нашиот капитен е и втор на листата на асистенти, има вкупно 11 додавања за гол и во оваа категорија само за еден заостанува од лидерот, тоа е Дмитри Житников од Русија.

Најтешките натпревари за Македонија почнуваат од денеска кога ќе ги одмериме силите со Хрватска, во среда играме со Шпанија, а во четврток против Исланд.

Лазаров веќе двапати беше најдобар стрелец на Светските првенства, во Хрватска 2009 година и во Франција 2017 година.

Share