hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Совладан и Бахреин, Македонија максимална на Мундијалот

mkd bahrein

Македонија – Бахреин 28:23 (12:8)

Македонија ја запиша и втората победа на Светското првенство во Германија и Данска и ја порази селекцијата на Бахреин со 28-23 (12-8), со што веројатно се наоѓа на еден или два бода до пласман во главната групна фаза.

Нашиот национален тим започна во голем стил. Бахренците грешеа, Кузмановски и Георгиевски реалиизираа за 6:2 и тајм-аут на Кристјанесен. Следеше огромно опуштање, цели 11 минути не постигнавме гол и голманот Хусаин и Али Мерза го донесоа пресвртот.

Бахреин поведе со 7:8 и нашиот тим започна од почеток на меле. Капитенот Лазаров нанижа пет гола, Борко одбрани пет топки и Манасков со два гола од крила позиција и Лазаров со седмерец го завршија првиот дел со 12:8 за нашиот национален тим.

Вториот дел започна со голови на Филип Лазаров и Филип Чурлевски за +5 во 35. минута. Следеа наизменично голови од две страни, а предноста варираше меѓу четири и шест гола. Двете наши крила Поповски и Манасков реализираа за 17-12 во 42. минута. На половин од вториот дел нашата предност изнесуваше пет погодоци.

Следеа бахреинските грешки, серијата лесни голови и убедлива победа од 28:23. Македонија слично како против Јапонија не дозволи натпреварот да влезе во драма и прокнижи битни голови. Во последните десетина минути шанса добија Митревски, Крстевски, Серафимов за да ги одморат поискусните.

Најефикасни поединци во македонскиот табор беа Кире Лазаров со осум и Дејан Манасков и Филип Кузмановски со по четири гола. Кај брзоногите Бахреинци позитивен натпревар одиграа Хабиб и Ал Сајед со по четири гола.

Share