hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Лазаров: Победивме убедливо, но лично не ми се допаднаа некои работи

mkd-japonija-8

Капитенот Лазаров по победата над Јапонија истакна дека е задоволен од резултатот но и дека во селекцијата се чувствува недостаток на квалитет кој може да се надополни со патриотизам и национален набој.

„Победивме убедливо, но конечната разлика од девет гола е преголема од случувањата на теренот. 50 минути се мачевме да го скршиме нивниот отпор за на крајот да успееме да стигнеме до победата. Не ми се допаднаа некои работи, особено неколку неодговорни шутеви во моментите кога обезбедувавме посолидна предност, но сите знаеме дека ова е една нова, подмладена репрезентација и дека вакви работи ќе се случуваат за уште повеќе да созреваме и да напредуваме. Мислам дека е очигледно, имаме недостиг на квалитет, а тоа можеме да го надополниме само со патриотизам и со национален набој како што беше случај денеска. Одиме понатаму, ништо не е променето, одиме чекор по чекор во обид да стигнеме до втората рунда. Следен е дуелот со Бахреин, кој сигурно нема да биде лесен за нас", рече капитенот.

Сега на нашите ракометари им следува еден ден одмор, па в недела уште еден дуел кој мора да се победи против Бахреин.

 

ФОТО Екипа.мк

Share