hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Мундијалот е прва наша шанса за Олимписките игри во Токио

oloimpp

Македонија го почнува Светското првенство, но и првaта шанса за пласман на Олимписките игри во Токио. Покрај домаќинот Јапонија, на следниот ракометен турнир на Олимписките игри во 2020 година, место има уште за 11 селекции. Една ќе добие директен пласман со освојувањето на шампионатот во Германија и Данска, а од второ до седмопласираните ќе играат во олимписките квалификации во април 2020 година.

Ако не успее во својата намера, нашиот национален тим ќе има шанса на Европското првенство, секако доколку таму се квалификува. Македонија почна со победа и пораз во групата со Исланд, Грција и Турција.

Нема да биде лесно да се стигне до олимпиското доигрување, а покрај овој Мундијал, шанса ни е и Европското првенство во Австрија, Шведска и Норвешка.

Share