hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Јапонија прв мундијалски тест, Сигурдсон претпазлив пред дебито

kdzname

За Јапонија велат дека е селекцијата која најдолго време е заедно пред Мундијалот во Германија и Данска. Но, колку од тој заеднички поминат период на Дагур Сигурдсон и неговите ракометари дава вистинска слика за официјалните натпревари?

„Потполно ни е јасно дека сме една од најслабите селекции во нашата група. Се наоѓаме во друштво за висок пласман заедно со Хрватска, Шпанија, Македонија, Исланд, а минатата година загубивме и од Бахраин. Нашата прва и основна цел е да оствариме напредок во споредба со минатото Светско првенство. Во минатото често на овој национален тим му се случуваше да одигра добро во целина, но само за неколку лоши минути, целосно да го расипе впечатокот. На наша среќа мислам дека направивме неколку чекори напред кон смалување на тие осцилации во натпреварот", истакна Сигурдсон.

Јапонската селекција го освои 22-то место на Светското првенство во Франција пред две години.

Share