hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

Репрезентативците ја започнаа мундијалската мисија

42747805241 8c019f5ac8 b

Попладнево во хотелот „Александар Палас" беше означен стартот на подготовките на ракометната репрезентација за претстојниот Мундијал во Германија и Данска. Селекторот Раул Гонзалез ќе пристигне утре во нашата земја, па денешниот прв тренинг же го води кондицискиот тренер, Кристијан Кајчевски.

Филип Талески, Борко Ристовски и Филип Лазаров ќе се приклучат кон селекцијата во текот на утрешниот ден. Подготовките ќе ги минеме во Скопје, а на 4 и на 5 јануари во Скопје ќе одиграме два контролни натпревари против селекцијата на Србија.

Јапонија, Бахреин, Хрватска, Шпанија и Исланд се противници на нашата репрезентација во групата во Минхен на Светското првенство кое се игра од 10 до 27 јануари 2019 година.

Share