evroins

logo-kmg

hummel Logo 160 

signiori

LIVESCORE.in
OFF

640-100

Судии од Јужна Кореја ќе го водат натпреварот Македонија - Тунис

судии од кореја

Младите судии Ли Сеок и Ко Бонок од Јужна Кореја се делегирани да ја делат правдата на натпреварот помеѓу Македонија и Тунис во Мец, во првото коло од групата Б на Светското првенство во Франција.

Повеќе...

Червар ги одреди ракометарите за дебито против Тунис

мкд червар

Селекторот на македонската репрезентација Лино Червар ги откри имињата на 16-те ракометари кои ќе му се спротивстават на Тунис, во првиот меч кој Македонија ќе го одигра на 25 Светско првенство.

Повеќе...

Лазаров: Не смееме да си дозволиме да „изгориме“ во желбата

мец лазаров 1

Денес од 14.00 часот во арената во Мец, македонските ракометари го одработија последниот официјален тренинг воочи Светското првенство. Сите ракометари тренираа максимално, а селекторот Лино Червар потврди дека вечер ќе ги избере 16-те кои ќе влезат во официјалниот протокол за натпреварот против Тунис.

Повеќе...

Червар во Мец води 19 ракометари

press cervar kire zuti

Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар денес на последната прес-конференција потврди дека Македонија на Светското првенство ќе патува за Франција со 19 ракометари.

Повеќе...

Лазаров: Заминуваме во Франција желни за успех

прес кире

Пред заминувањето на Светското првенство во Франција, македонската репрезентација денес одржа прес-конференција на која говореше и капитенот Кирил Лазаров.

Повеќе...

„Hummel“ изработи специјално брендирани патики за Кирил Лазаров

патики кл 2

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров на Светското првенство во Франција, кое започнува на 11 јануари ќе настапи во специјални патики, изработени од неговиот спонзор „Hummеl". Патиките данската компанија ги изработи специјално за нашиот капитен и се комплетно обоени во црвена и жолта боја, како би биле брендирано во нашите национални бои.

Повеќе...

Македонија и третпат ја совлада Босна во подготовките за Мундијалот

mkdbih2

Македонија - БиХ 32:30 (17:13)

Трета победа на македонската ракометна репрезентација во пријателската средба меѓу сениорските селекции на Македонија и Босна и Херцеговина. Нашата репрезентација славеше овој пат со 32:30 (17:13) во затворениот натпревар во спортската сала во Автокоманда.

Повеќе...

Македонија ја совлада БиХ и во вториот пријателски натпревар

kiro so BiH

Македонија - БиХ 35:31 (19:17)

Ракометната репрезентација на Македонија и во вториот натпревар постигна победа над Босна и Херцеговина. Вечерва во натпревар од затворен тип без гледачи Македонија победи со 35:31 (19:17).

Повеќе...

Положен првиот тест пред Мундијалот против БиХ

киро бих

Македонија – БиХ 28:24 (16:11)

Во првиот и единствен отворен тест пред заминување на Светското првенство во Франција, македонската ракометна репрезентација ја совлада БиХ со 28:24 (16:11).

Повеќе...

Червар го скрати списокот за Мундијалот на 21 име

lino mkd

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Лино Червар, го објави списокот од 21 ракометар со кој ќе ги продолжи подготовките за настап на СП 2017 во Франција.

Повеќе...