hummel Logo 160

skolo logo fb

OFF

2WIN.MK-page-001

„Кралот“ на стрелците на Мундијалот се вика КИРИЛ ЛАЗАРОВ

kire-top-scorer

Кирил Лазаров е најдобар стрелец на Светското првенство во Франија, откако и по одигрувањето на финалниот натпревар помеѓу Франција и Норвешка, ниту еден ракометар не успеа да ги стигне неговите 50 гола на шест одиграни натпревари.

Иако некои селекции одиграа и девет натпревари, не се најде јунак да биде подобар стрелец од нашиот капитен, кој веќе беше најдобар стрелец на Светското првенство во Хрватска пред осум години. Во финалето норвешките стрелци Сагосен, Бјорнсен и Мирхол не блескаа и не влегоа дури и меѓу најдобрите тројца на листата на стрелците на ова Светско првенство.

Веднаш зад нашиот капитен се наоѓаат Лопес од Ангола со 47, Банур од Тунис и Бјорнсен од Норвешка  со по 45 гола.

Share